Протестен марш утре ќе го затвори центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

1,101

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 23.07.2021 (петок), во временскиот период од 18.45 часот до 20.30 часот, поради протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски”, па по ул.„11 Октомври”, ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„Васил Главинов”, потоа по бул.„ВМРО” и бул.„Илинден” (пред Влада) до завршување на протестот најавено за 20.30 часот.






Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Поврзани содржини