Протест за „Монструм“: Фотографии од Груевски, Заев, Ахмети и Мицкоски ги покрија полициските штитови (ГАЛЕРИЈА)
Демонстрантите кои денеска протестираат против доживотните затворски казни за обвинетите во предметеот „Монструм“, на полициските штитови со селотејп им залепија транспарент на кој се испечатени фотографии од експремиерот Никола Груевски, актуелниот премиер Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тие залепија и транспарент на кој се испечатени ликовите на обвинителите Љубомир Јовески, Фатиме Фетаи и Вилма Русковска.
Два полициски кордона ги задржуваат демонстрантите пред ТЦ Мавровка и не им дозволуваат да стигнат до Судот.