ПРОТЕСТ ЗА ЛЕКАРОТ, ОДЛОЖУВАЊЕ ЗА ДИРЕКТОРОТ Судењето за модуларната никако да продолжи

Предметот е во почетна фаза на судење, а повеќе рочишта се одложија поради отсуство на адвокати, обвинети, но и поради доказниот материјал од кој се бараше копија за обвинетите.

107

Протест за поддршка на доктор Бобан Вучевски се одржа денеска пред тетовскиот суд, каде што се одржуваше рочиште за пожарот во модуларната болница, во кој загинаа 15 лица. Судењето се одложи поради отсуство на еден од обвинетите, поранешниот економски директор на тетовската болница Артан Етеми.

На протестите, кои се организираат пред секое судење, се бара доктор Вучевски да биде ослободен од вина, односно да биде повлечено обвинението против него.






– Благодарност до сите граѓани кои денеска беа дел од мирниот протест пред Основниот Суд во Тетово, во знак на поддршка за д-р Бобан Вучевски, кој е неправедно обвинет. Како што ние имавме и сè уште имаме потреба од него, така сега ние нему сме му потребни со нашата поддршка! Продолжуваме со протести секое следно рочиште! Правда и поддршка за д-р Вучевски – велат организаторите на протестот.

Лекарот е обвинет дека дозволил влез на роднини во модуларната болница во која избувна пожар, а тоа е спротивно на препораките за постапување во време на пандемија.

Предметот е во почетна фаза на судење, а повеќе рочишта се одложија поради отсуство на адвокати, обвинети, но и поради доказниот материјал од кој се бараше копија за обвинетите.

Поврзани содржини