Протест во Бутел за изградба на поликлиника, блокирана главната крстосница
Со ситуацијата е запознаен и министерот за здравство Венко Филипче кој денеска информираше дека ќе се реконструираат неколку поликлиники во Скопје, наредниов период, а меѓу нив е и амбулантата во Бутел.
Околу 60.000 бутелчани си ги бараат здравствените услуги во други општини, бидејќи нивната е единствената во Скопје која што нема поликлиника. Дел од граѓаните денеска излегоа на протест и ја блокираа главната крстосница.
Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, за Канал 5 вели дека го разбира незадоволството на граѓаните и дека веќе од почетокот на идната година ќе почне изградбата на поликлиниката, а до нејзината изградба ќе се ослободат капацитети наменети за лекување кои ќе им бидат на располагање на граѓаните.
– Граѓаните во тој дел се во право, но многу е жално на цела територија да нема нацртано ниту една локација за амбуланта или поликлиника. Во моментов документите и промената на дупот се во Град Скопје и мислам дека за еден месец ќе се среди со документацијата – вели Смилевски.