Протест на ВМРО-ДПМНЕ во седум града: Оставка на Заев, слобода на народот

169

Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои, реагира ВМРО-ДПМНЕ. 

„Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денес на 27.11.2020 во 18 часот ќе се одржи протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола“, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини