Во најновата откриена снимка од судската парница поради наводното семејно насилство, Амбер Херд признава дека го удрила Џони Деп со врата во глава.
– Многу ми е жал… Се сеќавам дека те удрив како одговор на онаа работа. Навистина ми е жал што ти ја удрив вратата од глава. Не сакав тоа да го направам – рекла 33-годишната актерка.
Адвокатите на Деп ѝ ја пуштиле снимката на Херд во 2016 година, додека нивниот развод бил во тек.
Тука се слуша Деп кој вели: „Само што ме удри во глава со вратата. Кога станав, повторно ме удри“.
– Не те удрив со вратата, но сакав да те удрам – се слуша одговорот на Амбер Херд.
По преслушувањето на снимките, Херд упорно тврдела дека не му ја удрила вратата намерно во лице на Деп.
„Се обидов да побегнам од собата во која ме нападна. Тој се обиде да влезе, и покрај тоа што сакав да побегнам од него“.
Сепак, таа тврди дека оваа снимка може да даде погрешна слика, бидејќи „не изгледа како тој да се обидел да влезе во собата, ниту како таа да се обидела да го спречи“, што всушност се случило.
Аудио-снимките кои парот ги направил во текот на својата брачна терапија повторно се појавиле поради тужбата на Деп во која тврди дека Херд зборувала за тоа како е жртва на семејно насилство. Тој ова го негира, барајќи 50 милиони долари од Херд на име на тужбата, пишува „Пејџ сикс“.
Џони Деп вели дека во целата приказна тој е жртва на семејно насилство.