📽️ ПРОТЕЧЕ ПРВАТА СНИМКА ОД ФИЛМОТ „УТРЕ НАУТРО“ ИНСПИРИРАН ОД НАСТАНИТЕ НА 27 АПРИЛ Имаме драма или возбудлив политички трилер?

955

Како што е вообичаено за новите филмски остварувања, авторите ги чуваат „адутите“ до премиерата. Сепак, Плусинфо дојде до куса снимка од филмот „Утре наутро“ на сценаристот и режисер Јани Бојаџи и ја споделува со своите читатели.

Филмот премиерно ќе биде прикажан пред македонската публика на 19 ноември во киното „Синеплекс“, а од наредниот ден ќе почне неговото киноприкажување низ целата земја.






Јани Бојаџи за својот филм изјави дека е политичка драма во чиј фокус се две семејства, но впечатокот од првата снимка е дека можеби пред нас имаме, всушност, политички трилер, преточен во еден модерен филмски израз, карактеристичен за добрите и популарни филмски остварувања во регионот во последните неколку години.

Додека чекаме да видиме дали премиерата ќе ги оправда очекувањата, да ја погледнеме оваа куса снимка, којашто Плусинфо ексклузивно ја објавува:

 

Поврзани содржини