ПРОСТО КАКО ПРОЈА Зошто е здраво да се консумираат производи од пченка?
Пченкарното брашно се добива со мелење зрна од пченка и на пазарот се достапни неколку видови. Се користи во подготовката на бројни специјалитети, а покрај одличниот вкус што им го дава на јадењата, пченкарното брашно е и многу здраво.
Пченкарното брашно е јаглехидрат, но не грижете се, тоа е „добар“ јаглехидрат. Ова брашно од цело зрно содржи сложени јаглехидрати, влакна и други хранливи материи кои спречуваат дијабетес, срцеви заболувања и некои видови рак. Само 100 грама пченкарно брашно содржи повеќе од 7 грама влакна и помалку од еден грам шеќер. Затоа, оваа храна е одличен избор ако сакате да ослабнете и да одржувате добро здравје.
Пченкарното брашно од цело зрно е одличен извор на многу минерали и витамини што им се потребни на нашите тела за правилно функционирање. Сто грама пченкарно брашно содржат 18 есенцијални аминокиселини, 127 милиграми магнезиум, 241 милиграм фосфор и 287 милиграми калиум. Покрај тоа, пченкарното брашно е богато со ниацин, холин, фолна киселина и витамини Б6, Б1, А, Е и К.
Повеќе за ова, како и рецепт за вкусна проја која може да ја направи секој, ќе најдете ТУКА.