🎥 ПРОСЛАВА НА БАЛКАНСКИ НАЧИН Еве што направи Лука Дончиќ откако го однесе Далас во финалето на НБА

Лука Дончиќ со уште една извонредна партија го предводеше Далас во триумфот против Минесота за пласман во големото НБА финале.

3,632

Кошаркарите на Далас на гостински терен ја победија Минесота 124-103 и со 4-1 во серија ја освои шампионската титула во Западната конференција, а во големото финале ќе игра против Бостон кој стана шампион на Истокот со триумф над Индијана со 4-0.

Далас до победата го предводеа Лука Дончиќ со 36 поени, од кои 20 постигна во првата четвртина, а имаше и 10 скока и 5 асистенции и Кајри Ирвинг со 36 поени, 5 асистенции и 4 скока.






По пласманот на Далас во големото финале, Словенецот отвори пиво со својот татко Саша и ја прослави победата на вистински балкански начин. Но уживањето на најдобриот кошаркар на Далас му го расипа легендарниот Мајкл Финли кој му пријде и дискретно му го зеде пивото од раце.

Секако, клипот веднаш стана вирален и кај фановите отвори дилеми за потегот на Финли.

 

Поврзани содржини