Просечната камата на кредитите достигна 4,75 отсто, а на депозитите 1,05 отсто
Кај новоодобрените кредити каматната стапка изнесува 3,98 отсто и во јули забележа месечен раст од 0,04 процентни поени.
Во јули просечната камата на кредити изнесувала 4,75 отсто додека пак кај депозитите таа достигна 1,05 отсто, објави Народна банка.
Кај новоодобрените кредити каматната стапка изнесува 3,98 отсто и во јули забележа месечен раст од 0,04 процентни поени.
Во јули, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор забележа месечен пад и изнесува 3,89 отсто. Тоа, како што соопштија од Народна банка. е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута.
Каматната стапка, пак, на вкупните кредити на домаќинствата, во јули изнесува 5,56 отсто, што претставува пад од 0,07 процентни поени на месечно ниво.
Новоодобрените кредити на домаќинствата во јули имале просечна камата од 4,48 отсто или раст од 0,06 процентни поени на месечна основа.
Кај депозитите каматните стапки се
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во јули изнесува 1,29 отсто и на месечна основа се зголеми за 0,02 процентни поени.
Во јули, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор се зголеми за 0,14 роцентни поени во споредба со претходниот месец и изнесува 0,57%.
Кај домаќинствата просечната каматна стапка на вкупните депозити во јули изнесува 1,03 отсто, што претставува месечен пад од 0,04 процентни поени.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата во јули е намалена за 0,06 процентни поени на месечна основа и изнесува 0,79 отсто.