ПРОПАДНА ОБИДОТ ДА СЕ ЗАБОШОТИ ПРЕДМЕТОТ „БОНУСИТЕ НА СЈО“ Обвинителот Цветаноски не потклекна под притисокот на шефот Коцевски
Предметот за бонусите е вратен во Обвинителството за организиран кримининал, потврди за „Република“ јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски. Ова значи дека е донесена одлука спротивна од наредбата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
– Има одлука за бонусите во СЈО. Предметот е вратен во Обвинителството за организиран криминал. Решението на Обвинителството за организиран криминал е укинатои дадени се напаствија за продолжување на истрагата за тоа што треба да преземе ОЈО. Целата работа се враќа за утврдување на кривична одговорност – ја објаснува Цветановски одлуката.
Вчера пак државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е поднесен предлог за дисциплинска постапка против вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи и против јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски.
Цветановски претходно објасни дека согледувајќи како се одвиваат работите, „држи“ муабетот од вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека целта на неговата суспензија е да се направи притисок за случајот за бонусите на СЈО, предмет кој се наоѓа кај него.
Притисокот кој подолго време го прави Коцевски е со цел да се потврди првостепената одлука на ВМРО-ДПМНЕ и партијата како поднесител на кривичната пријава да не се даде својство на оштетен. Според тврдењата на Хајрулахи, Коцевски го повикал на 19 декември да се качи кај него.
– Одам кај него, не дочека јас да го прашам ни како сте, ми се обраќа со зборовите Стигна ли предметот кај вас. Му викам Кој предмет? Вика: предметот за бонусите на СЈО. Да, викам стигна. Кај кого е? Викам кај Цветановски. Вика ќе треба да се потврди првостепената одлука и на политичка партија, на ВМРО-ДПМНЕ, како поднесител на кривичната пријава, да не се даде својство на оштетен. Му викам: обвинителе нека го проучи предметот па ќе видиме. Ги тргна наочарите, ги фрли на маса и рече: јас завршив! Тој мислеше дека има работа со обвинител кој ќе му каже секако, прифатено. Јас се симнав во мојот кабинет, го викнав обвинителот кај кого е предметот му кажав дека ќе составам службена белешка и му објаснив што е како е и кои се притисоците. Службената белешка ја доставив во Совет за јавни обвинители и тие бараа од Коцевски да се произнесе. Дали е нормално републички јавен обвинител да наметнува исход на одлука на обвинител кој не го проучил се уште предметот. Законот е дециден – јавниот обвинител во своето постапување е самостоен. Јас на мојот обвинител не можам да му наложам каква одлука да донесе – раскажа Хајрулахи во емисијата „На кавга со Иван“.