ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА МАЗУТ ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО Термоелктраната има резерва за работа уште 20 дена

На овој тендер се бараа 150.000 тони мазут. Изборот на фирмата која требаше да ја снабдува сукцесивно според потребите на  ТЕЦ Неготино требаше да биде според најниската цена.

694

ЕСМ ќе објави нов тендер за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, откако на последниот објавен на 28 јануари не доби ниту една понуда.

Од термоелктраната велат дека имаат резерва на мазут  и нема  ризик дека ќе треба да го запрат производството.






-ТЕЦ Неготино има резерви на мазут за работа уште 20 дена, но веруваме дека нема ризик да го запреме производството, бидејќи новиот тендер за набавка на мазут ќе се распише по брза постапка – изјави директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ за Плусинфо.

Отворањето на понудите за тендерот што ЕСМ го распиша за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино беше закажано за 2 февруари кога завршуваше и рокот за понуди.

Од компанијата информираа дека на тендерот немало ниту една понуда и најавија нов тендер.

На овој тендер се бараа 150.000 тони мазут. Изборот на фирмата која требаше да ја снабдува сукцесивно според потребите на  ТЕЦ Неготино требаше да биде според најниската цена.

Во тендерот кој беше истовремено  јавен и анонимен не беше објавен претпоставениот износ на пари кој ЕСМ го планирал за оваа набавка.

Владата обезбеди 38.000 тони мазут за старт на ТЕЦ Неготино која требаше да произведува електрична енергија за потребите на компаниите. Проработе само првиот котел на термоелктраната, а струјата се користи да се надополниат потребите на ЕВН Хоме и снабдувањето на домаќинствата. Првичните најави беа дека термоелектраната ќе работи за време на грејната сезона.

Капацитетот на оваа термоелектрана е 180 мегавати што е производство еднакво на еден блок од термоелктраната Битола.

Покрај овој тендер за мазут ЕСМ објави уште еден, за обезбедување 13.065 тони за нејзините  подружници со исти услови како и оној за ТЕЦ Неготино.

Владата пред две недели на ЕСМ и префрли 10 милиони евра.

Поврзани содржини