Протестот против гостувањето на музичарот Горан Бреговиќ во Корча, Албанија, најавен преку социјалните мрежи пропадна, објави порталот „Коссев“, повикувајќи се на „Клан Косова“.
На повикот на поранешниот пратеник Кујтим Гјузи се јавиле само три лица. Тие се прошетале по улиците со транспарент на кој пишувало: „Горан Бреговиќ не е добредојден на Фестивалот на пивото, ако не се извини“.
Бреговиќ е „обвинет“ дека е „инспиратор на масакрот на Косово“, „идол на убиствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија“.
Пред три дена општина Корча објави дека нема да го откаже повикот на Бреговиќ и покрај реакциите.
#kos_stampa Propao protest protiv Bregovića, samo četvoro došlo https://t.co/3YRalByA7j
— KoSSev (@KoSSevnews) August 8, 2021
ФОТО: Твитер