ПРОПАДНА ПЛАНОТ НА АХМЕТИ И НА ОСМАНИ Вреди порача дека планирале дестабилизација преку Уставен суд
Коалицијата Вреди соопшти дека ДУИ е разочарана бидејќи и пропадна планот да го поништи Законот за јазиците и со тоа да ја дестабилизираат државата.
ДУИ беше подготвена да го жртвува албанскиот јазик само за една ниска цел: Да се врати на власт по секоја цена“, се наведува во соопштението.
Вреди порачува дека албанскиот јазик не е предмет на преговори.
„Лагите завршија. Две децении, ДУИ правеше работи половично, за пред очи на јавноста, манипулирајќи со албанската кауза за лични и партиски зделки. Следните локални избори веќе не се само избори. Тие се РЕФЕРЕНДУМ за албанскиот јазик, за еднаквоста на Албанците во оваа држава и за конечно ставање печат на ДУИ како партија „нон грата“ и како „организација“ на тесни лични интереси“, соопшти коалицијата.