🎥 ПРОНАЈДОА ТОРБА СО ЗЛАТЕН НАКИТ И МУ ЈА ВРАТИЈА НА СОПСТВЕНИКОТ Исклучително доблесен гест на две деца во Турција

Децата ја забележале торбата на земја за време на нивната прошетка, ја провериле нејзината содржина и сфатиле дека е полна со злато.

776

Две деца во турскиот град Багџилар пронашле торба со златен накит во вредност од 1,3 милиони лири или околу 26.000 евра и му ја вратиле на сопственикот – локален златар, чија визит-картичка ја пронашле во торбата, објавија турски медиуми, пренесува Телеграф.

Децата ја забележале торбата на земја за време на нивната прошетка, ја провериле нејзината содржина и сфатиле дека е полна со злато, па се приближиле до најблискиот продавач. Заедно со продавачот, децата ја искористеле визит-картата што ја нашле во торбата за да го идентификуваат златарот кому му припаѓало златото.






Сопственикот на златото ги наградил децата за нивниот чесен гест, а моментот го забележа безбедносната камера во златарницата.

Поврзани содржини