ПРОНАЈДЕНОТО ТЕЛО Е НА ДРАГАНА Потврдени најцрните сомнежи, избегала од автомобилот и загинала во огнениот обрач

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош исчезна на 13 август во Станичи додека бегаше од пожарот кај Омиш. По потрагата и ДНК-анализата е потврдено дека пронајденото тело е нејзино.

0

Хрватското Министерство за туризам и спорт и Хрватската туристичка заедница потврдија дека Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Босна и Херцеговина, е жртвата на катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето на Омиш.

Тие изразија сочувство до семејството на Драгана, која во Хрватска работела како сезонски работник.






Нејзиното тело било пронајдено вчера наутро на пожариштето, откако Драгана со часови се водеше како исчезната.

„Изразуваме искрено сочувство до семејството на починатата државјанка на БиХ“, соопштија Министерството и Хрватската туристичка заедница.

Драгана исчезнала на 13 август во Станичи кај Омиш, додека се обидувала да избега од големиот пожар што го зафатил подрачјето.

Според информациите на хрватските медиуми, таа во моментот на пожарот била во автомобил со уште две лица. Кога огнот го опколил возилото, сите излегле и се обиделе да се спасат.

За Драгана бегството било кобно – се нашла во огнен обрач и не успеала да избега.

Другите две жени успеале да се спасат, но, според информациите од локалното население, се здобиле со тешки повреди.

Во потрагата по Драгана се вклучиле полицијата и припадници на Хрватската горска служба за спасување (ХГСС), кои детално го пребарувале подрачјето каде што последен пат била видена.

Во меѓувреме било пронајдено тело недалеку од местото каде што бил пронајден автомобилот. Поради тоа се појавил сомнеж дека станува збор токму за исчезнатата Драгана.

Нејзиното семејство им доставило ДНК-примероци на надлежните служби за идентификација, а нејзиниот сопруг отпатувал во Хрватска.

Со потврдувањето на идентитетот, трагичната потрага по Драгана доби конечен исход.

Драгана во Хрватска заминала на сезонска работа, како и голем број луѓе од регионот. Наместо да се врати дома по завршувањето на сезоната, нејзиното семејство сега се соочува со најтешката можна вест.

Нејзината смрт ја потресе Котор Варош, но и целиот регион.

ДРАГАНА ЗАМИНАЛА НА СЕЗОНСКА РАБОТА, НО ИСЧЕЗНА ВО ОГНЕНОТО МОРЕ КАЈ ОМИШ Семејството достави ДНК, резултатот ќе покаже дали пронајдено тело е на 34-годишната жена од Котор Варош

Поврзани содржини