ПРОНАЈДЕНО ЖЕНСКО ТЕЛО ВО РАСПАЃАЊЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ Автобуска карта откри дека тоа е 70-годишна скопјанка

Телото било пронајдено во близина на реката Лепенец во селото Орман. Кај починатата била најдена автобуска картичка на име на 70-годишна жена од Скопје, а полицијата и обвинителството работат на утврдување на идентитетот и околностите.

104

Во близина на реката Лепенец во селото Орман, скопско, било пронајдено човечко тело во напредна фаза на распаѓање, информираат од полицијата.

Настанот бил пријавен на 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје, по што полициски екипи излегле на терен и извршиле увид.






Според првичните информации, кај телото била пронајдена автобуска картичка на име Ј.М. (70), женско лице од Скопје, што засега се смета за можен индикатор за идентитетот.

По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено во Институтот за судска медицина, каде што ќе се врши обдукција за утврдување на точните околности за смртта.

Поврзани содржини