ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА 32-ГОДИШЕН МАЖ ВО КАРПОШ Младиот скопјанец бил пронајден во својот стан
Случајот бил пријавен во понеделникот, на 23 јуни, во 21:25 часот. Според информациите од МВР, станува збор за лице од Скопје, идентификувано како Љ.И. (32).
Маж од Скопје на 32-годишна возраст бил пронајден мртов во својот стан во скопската општина Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во понеделникот, на 23 јуни, во 21:25 часот во СВР Скопје. Како што информира МВР, починатото лице е идентификувано како Љ.И. (32) од Скопје.
На местото на настанот излегла екипа од Итната медицинска помош, која ја констатирала смртта. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.
Засега не се соопштени дополнителни детали, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.