ПРОНАЈДЕНО Е УКРАДЕНО ВОЗИЛО Приведен е крадец од Ресен

248

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска полициски службеници од СВР Битола-Полициско оделение за безбедност во сообраќај Демир Хисар околу 17.30 часот го лишиле од слобода Ш.Р. (30) од Ресен по претходна пријава од Ј.Н. од Демир Хисар дека му било одземено неговото патничко моторно возило “сузуки”.

Веднаш по добиената пријава, како што посочуваат од МВР, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на местото викано Мраморица, а сторителот е приведен.






По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Поврзани содржини