ПРОНАЈДЕНО Е ПОЧИНАТО МОМЧЕ ВО ЗГРАДА ВО ДЕБАР МААЛО Телото е предадено на обдукција
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Починато машко лице на возраст од околу 20-25 години било пронајдено починато, вчера, во зграда на улица „Дане Крапчев“ во Скопје.
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.