ПРОНАЈДЕНИ СЕ АНИСА И МЕЛИСА Девојчиња исчезнаа во четвртокот

Полицијата ги пронашла на улицата Џон Кенеди, кај продажен објект во паркот.

2,964

Двете малолетнички кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје се пронајдени, потврди МВР.

„Денеска во 13.30 часот на улицата Џон Кенеди, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите“, информира МВР.






По 15-годишната Мелиса и 12-годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, откако таткото на Аниса ја пријави за исчезната.

Аниса четвртокот наутро излегла од дома и отишла во училиштето „Лирија“ во Чаир, а по часовите не се вратила дома. Имаше информација дека во тек на часовите друго девојче ја повикало надвор од училницата и заминала од час.

Денеска таткото на Аниса побара помош од граѓаните да почне потрагата од неговата ќерка.

Поврзани содржини