Пронајдени планови за нови терористички напади кај главниот командант на Исис! (ВИДЕО)

Непрекинато добиваше наредби од Ирак и Сирија за извршување на напади во Турција - изјави Солју.

644

Во Турција е уапсен најистакнатиот припадник на озлогласената Исламска држава во таа земја, а полицијата кај него пронајде планови за извршување на терористички напади, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Солју.

– Непрекинато добиваше наредби од Ирак и Сирија за извршување на напади во Турција – изјави Солју, прецизирајќи дека името на уапсениот исламист е Махмут Озден.






Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, министерот додаде дека турската полиција испитува неколкумина осомничени кои се поврзани со Озден и операцијата против Исламската држава продолжува.

Турскиот министер сепак не откри кога и каде Махмут Озден бил уапсен.

Поврзани содржини