📷 ПРОНАЈДЕНИ ПАРИ И ЛАЖНИ ЛЕГИТИМАЦИИ ВО ДОМОТ НА ХАКЕР 21-годишникот од Скопје фалсификувал лични податоци
При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Скопјанецот Л.К. (21) од Скопје се нашол на мета на истражителите поради сомневање за серија тешки дигитални кривични дела.
По наредба на суд, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал денеска извршиле претрес во неговиот дом и други простории. Акцијата била спроведена по претходна истрага, поради сомнение за неколку кривични дела: „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „компјутерски фалсификат“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, се вели во полицискиот билтен.


„При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, се вели во полицискиот билтен.