Пронајдени марихуана, нож, битолчанец излетал од пат, а во Илинден повреден вработен со работна машина

383

Пронајдена марихуана кај скопјанец: Синоќа во 22.20 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода И.А.(19) од Скопје, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.






Уапсен жител на село Љуботен, му пронашле прашкаста материја Синоќа во 22.15 часот во близина на бензинска пумпа во скопското село Сарај, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Б.И.(31) од с.Љуботен, скопско, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Приведен скопјанец со нож  Во соопштението од МВР стои дека синоќа во 20.20 часот во нас.„Скопско поле“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Д.А.(32) од Скопје, кај кого при преглед бил пронајден нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Казнети мотоциклисти во Струмица, Велес Од 20.00 часот на 29.07.2020 до 02.00 часот на 30.07.2020 на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола над возачи на мотоцикли. Во акцијата се констатирани четири прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Вчера  На 29.07.2020 во периодот од 20.00 на 29.07. до 02.00 часот на 30.07.2020 на подрачјето на СВР Велес е извршена контрола на мопеди и мотоцикли, при што во Велес се регистрирани и санкционирани 20 прекршоци, во Кавадарци 27 и во Неготино пет прекршоци.

Битолчанец излетал од коловозот На 29.07.2020 во 23.50 часот се случила сообраќајна незгода на регионалниот пат Новаци-Битола, кај с.Логоварди, битолско, во која Ј.Б.(59) од општина Новаци, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Тој е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа на СВР Битола.

Турчин приведен на Долно Блаце Вчера во 14.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, поради постоење основано сомнение за лажно претставување, од страна на полициски службеници бил приведен Т.И.(49) од Турција, кој поседувал дозвола за привремен престој во државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Го повредил колега со работна машина во Илинден Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден Б.Ј.(40) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредениот на 28.07.2020 тој бил повреден на работно место во фирма на ул.„24“ во скопската нас.„Илинден“ од работна машина управувана од З.Д.(59) од Скопје. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Пожар во Арачиново На 29.07.2020 во 21.41 часот во СВР Скопје, А.Х. од с.Арачиново пријавил дека настанал пожар позади гробиштата во с.Арачиново. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека била опожарена нива-стрниште. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

48 возила во Скопје подигнати со „пајак” Во текот на 29.07.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле нерегистрирани, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и три возачи поради поминување на црвено светло, а 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Поврзани содржини