ЛОЦИРАНО КАДЕ СЕ УРНАЛ ХЕЛИКОПТЕРОТ ВО КОЈ ЛЕТАШЕ РАИСИ Два патника од екипажот контактирале со спасувачите

Иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили. Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет.

1,617

Утврдена е локацијата каде се урна хеликоптерот во кој леташе иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Иранската државна телевизија ги демантираше наводите дека спасувачите стигнале до самиот хеликоптер, туку дека само е идентификувано местото.

Во меѓувреме, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.






– Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето –  посочи Абасголизадех.

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили. Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет.

Иранското Министерството за информатичка и комуникациска технологија соопшти дека го идентификуваше местото на несреќата во радиус од два километри.

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти деkа е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

„Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави“, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан.

Поврзани содржини