ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ МИГРАНТ КАЈ ГЕВГЕЛИЈА Група Пакистанци повикала помош од „Мрзенско поле“

Полицијата на местото затекнала тројца мигранти од Пакистан и тело на 36-годишен маж. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а наредена е обдукција.v

0

Починат мигрант од Пакистан бил пронајден вчера на локацијата „Мрзенско поле“ во атарот на селото Мрзенци кај Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, околу 11:52 часот група мигранти преку мобилен телефон побарала помош. По пристигнувањето на терен, полициските службеници затекнале тројца мигранти без лични документи, кои изјавиле дека се од Пакистан, како и тело на маж за кого рекле дека патувал заедно со нив.






Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Останатите мигранти се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Поврзани содржини