ПРОНАЈДЕН МРТОВ МАЖ ВО „ЦИТРОЕН“ Педесетгодишникот е од Сарај

255

Вчера попладне во 16.10 часот било пријавено дека на патот за село Арачиново, скопско, во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат 50-годишниот А.И. од село Сарај, скопско, извести МВР.

„Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.





Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а телото на починатиот е предадено на семејството.

Поврзани содржини