ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН ВО КАВАДАРЦИ 150 грама биле спремни за дилање

Дрогата била поделена во повеќе пакувања спремни за продажба, а пронајдени се и пари и возило „алфа 159“.

403

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање и спречување на недозволената трговија со дрога и улично дилерство на 27.11.2021, по претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А. и В.М. во Кавадарци, при што се пронајдени околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба, јавува МВР.

Одземено е и возило „алфа 159“ како и парични средства за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. В.М. е лишена од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Поврзани содржини