ПРОМЕТОТ НА ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА Е ЗГОЛЕМЕН ЗА 6,5% Но, прометот со горива бележи пад од 5,7%

Прометот во трговија на мало, освен трговија со горива, пак, во истиот период номинално е зголемена за 9,5%, а реално за 3,9 %.

15

Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 6,5%, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 13,7 %, а реално за 6,5%, во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 5,6 %, а реално за 1,5%,






Прометот во трговија на мало, освен трговија со горива, пак, во истиот период номинално е зголемена за 9,5%, а реално за 3,9 %.

Прометот на трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 5,7 %, а номинално за 6,9 %.

Поврзани содржини