ПРОИЗВЕДЕНИ СЕ 300 ПРИМЕРОЦИ, ЗАБЕЛЕЖАНА Е САМО ЕДНА НЕСРЕЌА Авионот во кој загина Пригожин бил еден од најбезбедните
Забележана е само една несреќа со Легаси 600, според податоците од Меѓународното воздухопловство, таа се случила во 2006 година кога авионот во лет се судрил со Боинг 737-800 на пат од фабриката Ембраер кон САД. Авионот Боинг се урнал и сите 154 патници загинале, а пилотот на Ембраер го приземјил авионот Легаси 600 без жртви.
Авионот „Ембраер“ кој се урна во Русија, а го превезуваше шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, има само една забележана несреќа во својата историја и не е поврзана со механички дефект.
Руските власти соопштија дека Пригожин бил во приватен авион кој се урна во средата вечерта, при што загинаа сите 10 патници во него. Руската новинска агенција ТАСС јави дека се работи за бразилски авион Ембраер.
Од Ембраер објавија дека се запознаени со авионската несреќа во Русија, во која беше вклучен моделот Легаси 600, но дека немаат дополнителни информации за случајот и дека не даваат услуги за авионот од 2019 година.
„Ембраер ги почитуваше меѓународните санкции воведени за Русија“ – соопшти компанијата.
Санкциите ги спречуваат западните производители на авиони да обезбедат делови или поддршка за авиони кои работат во Русија.
Веб-страницата Flightradar24 покажа дека авионот Емраер Легаси 600, за кој се верува дека го транспортирал Пригожин, исчезнал од радарот во 16.11 часот.
Моделот на авион Легаси 600 влезе во употреба во 2002 година, според International Aviation HQ,а до 2020 година кога престана производството, произведени се околу 300 примероци од овој модел.
Забележана е само една несреќа со Легаси 600, според податоците од Меѓународното воздухопловство. Таа се случила во 2006 година кога авионот во лет се судрил со Боинг 737-800 на пат од фабриката Ембраер кон САД.
Авионот Боинг се урнал и сите 154 патници загинале. Пилотот на Ембраер го приземјил авионот без жртви.