ПРОГЛАСЕНА НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ Индијката е Мис Универзум 2021 (ФОТО)
На 70-от Избор за најубавата жена на светот, кој се одржа во израелското летувалиште Еилат, 21-годишната убавица на Индија Харназ Санду е прогласена за Мис Универзум.
Индијката Харназ Санду е избрана за 70. Мис универзум, победувајќи во конкуренција на 80 натпреварувачки.
View this post on Instagram
Досегашната Мис Андреа Меза од Мексико ја круниса боливудската актерка на свеченоста во израелскиот град Еилат, која беше само седум месеци мис, поради пандемијата на коронавирусот.
View this post on Instagram
„Пресреќна сум, зашто поминаа 21 година откако Индија за последен пат имала Мис универзум“, изјави 21-годишната Санду.
View this post on Instagram
За првата и втората придружничка беа избрани Надија Фереира од Парагвај и Лалела Мсване од Јужна Африка.
Санду на натпреварот се претстави со силната поддршка за подобрување на местото на жената во општеството. Работи како актерка, а најголема инспирација за неа е познатата Пријанка Чопра. Во слободно време се занимава со јога, танц, готвење, шах и јавање коњи.