ПРОФЕСОР ПУКАЛ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КАМПУС ВО НЕВАДА Три лица се убиени, а едно е во критична состојба

Оваа година имало 80 престрелки во училиштата, од кои 29 биле на универзитетски и колеџ кампуси.

262

По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, 3 лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен.

– Повреденото лице, кое било во критична состојба, е згрижено во болницата Санрајс и сега е во стабилна состојба – изјави шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил.






Во истата болница биле згрижени уште 3 лица за кои не е наведено како се повредени.

Шерифот додал дека полицијата го знае името на напаѓачот, кое нема да го објави додека не биде известено неговото семејство, но полициски извор за Си-Ен-Ен изјавил дека станува збор за 67-годишен професор, чија поврзаност со Универзитетот засега не е позната.

Оваа година имало 80 престрелки во училиштата, од кои 29 биле на универзитетски и колеџ кампуси.

Поврзани содржини