ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК ГО ФАТИ КРСТОТ ВО КУМАНОВО „Сите да сте живи и здрави!“

Сите да се живи и здрави и нека се пријавуваат да се продолжи традицијата и адетот пред сè, за здравје се фрламе по крстот, не се надевав дека ќе го фатам, но на сите им посакам здравје и среќа, изјави Кузмановски.

574

Професионалниот војник Борислав Кузмановски(23) го фати крстот во Соборниот Храм „Свети Никола“ во Куманово. Тој беше најсреќен меѓу педесетина верници во водата. Скока по трет пат, а сега му се посреќило. Доби подароци и телевизор од градоначалникот Максим Димитриевски.

– Сите да се живи и здрави и нека се пријавуваат да се продолжи традицијата и адетот пред сè, за здравје се фрламе по крстот, не се надевав дека ќе го фатам, но на сите им посакам здравје и среќа – изјави Кузмановски.






фото: фејсбук/принсткрин
фото: фејсбук/принсткрин
Поврзани содржини