ПРОЕКТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЉУБОВТА 1 прегратка на ден, 15 минути разговор, задолжителна психолошка анализа
Не би сакал погрешно да ме разберете; љубовта е прекрасна работа. Но, кога ќе се претвори во проект сличен на изградба на вселенски брод, човек почнува да ги цени тивките моменти - оние кои не се испланирани ниту одредени со статија на интернет, вели Горан Јањиќ, хипнотерапевт од Нови Сад, Србија
Кога мојата сопруга, по седум години брак, одеднаш почна да ме гушка секогаш кога ќе се сретнеме во ходникот, прво помислив дека некој од нас можеби заборавил некој важен датум.
Нашата годишнина, нејзиниот роденден или можеби денот кога за прв пат заборавивме да го изнесеме ѓубрето – што, морам да признаам, беше почеток на една убава традиција.
Но, не, не беше тоа. Мојата сакана, како што се испостави, прочитала некоја статија на Интернет за тоа како жените можат да ги спречат своите сопрузи да ги изневеруваат.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.