ПРОДОЛЖУВА ВАНДАЛИЗАМОТ НА ВИКИПЕДИЈА За премиерот пишале дека починал на Илинден, а на Пендаровски му додале збор „стока“ (ФОТО)
Сличен случај имаше и вчера со Wikipedia-страницата на Бујар Османи, а за бележливо е дека повеќе исти ФБ или Твитер профили успеваат да го фатат моментот на сеењето омраза кон политичарите и да направат принт скрин односно фотографија од страницата веднаш откако непознатиот администратор ќе ја смени и ќе стави навредливи содржина, а пред страницата да се врати на нормалната содржина.
За претседателот Стево Пендаровски, администратор, на англиската верзија на Wikipedia, му впишал средно име „стока“, а навредите не застанале само на него, туку на истата страница е додадено и „ќурка“ на името на премиерот Ковачевски.
Сепак најголема омраза е споделена на страницата на премиерот Ковачевски каде дури некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани).
Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија.
Веб страницата според историјатот на промените ги одбележала промените како „вандализам“ или „употреба на навредливи поими“ по што се избришани или преправени затоа што навредувањето и омразата не се дозволени на интернет енциклопедија која е отворена за уредување од страна на милиони администратори низ целиот свет.