ПРОДОЛЖУВА ДРАМАТА НА АВСТРАЛИСКИОТ АЕРОДРОМ Ѓоковиќ може да заврши и во имиграционен притвор
Српскиот тенисер ги немал сите потребни документи за добивање виза и останал со часови на аеродромот во Мелбурн.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн, но се соочува со имиграционен притвор бидејќи немал одредени документи з да добие виза. Ѓоковиќ кој треба да настапи на Австралијан опен, прво не можел да излезе најпрво од авион, по што два часа бил во царинскиот простор, а сега би можел да заврши и во имиграционен притвор.
По погрешните документи кои биле потребни за виза, Ѓоковиќ го дочека полноќ на аеродром, иако имаше шпекулации дека ќе му биде дозволен влез во Австралија.
Тимот на тенисерот ги замолил властите да му излезат во пресрет и да го пуштат во државата, а ветиле дека ќе стигнат точните формулари што е можно побрзо, но тоа било одбиено и така продолжи драмата на Ноле.
Австралиските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ најверојатно ќе заврши во имиграционен притвор додека не се донесе конечна одлука за тоа дали ќе му биде дозволен влез во државата или ќе биде испратен дома.