ПРОДЕКАНКАТА ДАНЕВА МАРКОВА ВО ИЗВРШЕН НА СДСМ Опозицијата бара двајцата професори да се повлечат од факултетите
Пред некој ден, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Ковачевски дека спротивно на законот го именувал Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на висока партиска функција, како член на Извршниот одбор на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски дека грубо крши закони, именувајќи декани и продекани во партиските тела.
– Ковачевски спротивно на законот во Извршниот одбор на партијата, високо партиско тело, ја именува доц. д-р Ана Данева Маркова од Клиниката за гинекологија, којашто е продекан за специјализации и субспецијализации на Медицинскиот факултет при УКИМ. Пионот Ковачевски, на најгруб начин го крши Законот за високо образование, донесен од СДСМ во 2018 година, којшто е дециден дека „вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија“ – рече денеска на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред некој ден, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Ковачевски дека спротивно на законот го именувал Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на висока партиска функција, како член на Извршниот одбор на СДСМ.
– Ова е грубо кршење на законот, и ова е целосно непочитување на законот и од пионот Ковачевски, но и од двајца професори, декан и продекан на факултети, коишто спротивно на закон прифатиле високи партиски функции. СДСМ за овој скандал молчи и бега од јавноста.
Очекуваме во најмала рака Ковачевски да ги изземе двајцата професори декан и продекан од ИО на СДСМ, но и професорите како морален чин да се повлечат од функциите во високото образование – порача Стоилковски.