ПРОДАВНИЦИТЕ НА „ДОРМЕО“ ОТИДОА ВО КИНЕСКИ РАЦЕ Се бараат решенија за останатиот дел од концернот
Империјата на Санди Ческо почна да се распаѓа како куќа од карти во 2019 година, по избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Потоа, во 2022 година, на компанијата на словенечкиот бизнисмен ѝ беше зададен последниот удар од руската агресија врз Украина.
По неодамнешната продажба на брендови, „Студио Модерна“ го продаде и својот малопродажен бизнис кој беше во сопственост на познатиот основач на „Дормео“ Санди Ческо. Купувачот е дилерот на душеци „Matratzen Concord“ од Германија кој е во сопственост на кинески бизнисмен.
Делот што го купи германската компанија од „Студио Модерна“ претставува околу четвртина од досегашните приходи.
Се бараат решенија за останатиот дел од концернот кој има сериозни финансиски проблеми.
– Останатите делови на „Студио Модерна“ според изјавата на сопственикот на компанијата се уште ги реструктуираме, не можам да кажам повеќе, изјави тој за Finance,Ческо.
Во средината на мај тој ги продаде брендовите Дормео, Делимано, Ровус и Топ Шоп на швајцарската компанија Дормео на претприемачот Дарко Хорват.
Чешко во текот на изминатата недела за словенечките медиуми потврди дека е во деловни потешкотии.
Неговата империја почна да се распаѓа како куќа од карти во 2019 година, по избувнувањето на пандемијата на коронавирус. Потоа, во 2022 година, на компанијата на словенечкиот бизнисмен ѝ беше зададен последниот удар од руската агресија врз Украина.