ПРОДАВАЛ ДРОГА НА ТИНЕЈЏЕРИ ВО БИТОЛА Обвинителството бара притвор за дилерот кој „услужувал“ и 14-годишници
Во текот на 2024 и 2025 година, осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал марихуана на наркозависници. Дополнително, според обезбедените докази, во истиот период им овозможувал употреба на дрога и на малолетници, некои од кои имале само 14 години.
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против едно лице осомничено за сериозни кривични дела поврзани со дрога, меѓу кои и продажба на марихуана на малолетници.
Како што информираа од Обвинителството, лицето се товари за продолжено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, како и за овозможување употреба на наркотични дроги, предвидени во членови 215 и 216 од Кривичниот законик.
Во текот на 2024 и 2025 година, осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал марихуана на наркозависници. Дополнително, според обезбедените докази, во истиот период им овозможувал употреба на дрога и на малолетници, некои од кои имале само 14 години.
На 12 мај, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени околу 8 грама марихуана, кои ги поседувал со намера да ги продава.
Поради сериозноста на делото и опасноста од повторување, јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола за определување мерка притвор за осомничениот. Истражната постапка е во тек и се очекуваат дополнителни информации.