Проданоски: Нема да дозволиме Зоран Заев да тргува со 650 паднати борци и народни херои од Прилеп
Првиот човек на прилепскиот ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ која својата идеологија ја темели врз вековната борба за слобода нема да дозволи Прилеп да биде понижен.
Малку им беше продажбата на името со Грција, па сега тргуваат со најсветото. Особено за нас Прилепчани, а тоа се нашите борци од народноослободителната борба. Се тргува со илјадници знајни и незнајни херои кои својот живот го положиле за борбата против бугарскиот фашистички окупатор и придонесле за слободата на Македонија, рече на денешниот протест во Прилеп Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
– Еве денеска прашувам оттука каква е таа администрација која брутално и крвнички погубила 18-мина во масакрот кај „Дабница“. Од кого биле убиени народните херои Орде Чопела, Кире Гаврилоски, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифоски Питу и другите 650 жртви колку што дал Прилеп во НОБ.Дали според нив загинале залудно борејќи се за својата држава? За жал, за власт ништо не е свето. Таа гази се. Затоа заедно сплотени да им кажеме доста е! Доста е со распродажбата на нашиот идентитет, јазик, култура, традиција – рече Проданоски.
Според него ВМРО-ДПМНЕ која својата идеологија ја темели врз вековната борба за слобода нема да дозволи Прилеп да биде понижен.
– Прилеп е град херој и како таков ќе остане, бранител на светите идеали за свои на своеото.Го повикуваме секој добронамерник да не поддржи, да го крене својот глас. Сега не е време за партиски прекупукувања и поделби. Сега е време за сплотеност, да се избориме заедно оваа власт да падне- рече Проданоски.