ПРОДАЛ ФАЛСИФИКУВАН КУЈНСКИ СЕТ, ПА БИЛ ПРОТЕРАН Романец измамил жител на Пробиштип за 970 евра
По пријавата полицијата го уапсила 30-годишниот Г.Б. Tој во станица во признал делото, ги вратил парите и од Основниот суд во Штип бил казнет со забрана за влез во државата во траење од 3 години.
Жител на Романија на 2 април му продал кујнски прибор на 72-годишник од Пробиштип за 970 евра велејќи му дека е оригинален производ од познат бренд, информираше штипската полиција.
По пријавата полицијата го уапсила 30-годишниот Г.Б. Tој во станица во признал делото, ги вратил парите и од Основниот суд во Штип бил казнет со забрана за влез во државата во траење од 3 години.
„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, се вели во полицискиот билтен.