ПРОБА ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО Планирано е во две фази да се активираат двата котлa

Производната цена на струјата од термоелктраната која работи на мазут е околу 170 евра за мегаватчас електрична енергија што претставува многу помалку од актуелната цена на струјата на берзите.

751

ТЕЦ Неготино денеска пробно ќе биде пуштена во производство, по што се оекува да биде вклучена во електоенергетската мрежа на земјава.

Пуштањето на термоелектраната ќе биде во две фази, односно најпрво пробно ќе биде пуштен едниот котел со капацитет од 90 MW, а потоа и вториот од 90 MW.






Со ставање во погон на оваа електрана се очекува да се надополни недостигот на струја од домашно производство.

Производната цена на струјата од термоелктраната која работи на мазут е околу 170 евра за мегаватчас електрична енергија што претставува многу помалку од актуелната цена на струјата на берзите.

Со ова АД ЕСМ ќе биде во можност да понуди електрична енергија и на стопанските субјекти во РСМ за пониска цена од берзанските.

 

Поврзани содржини