ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО Благој Механџиски награден од новинарската секција „Исток“
Со емотивен говор Благоја Механџиски им се заблагодари на новинарите, своите сограѓани и сите соработници и вети дека ќе продолжи како и досега да биде хуман човек и да им помага на сите на кои им е потребна помош.
Новинарската секција „Исток“ му додели признание за животно дело на м-р Благој Механџиски за неговото животно остварување веледрогеријата „Зегин“ на кое напорно и посветено работи цели 33 години.
– Г-нот Механџиски е еден од најголемите донатори и хуманисти во државата – изјави организаторот на настанот.
Со емотивен говор Благоја Механџиски им се заблагодари на новинарите, своите сограѓани и сите соработници и вети дека ќе продолжи како и досега да биде хуман човек и да им помага на сите на кои им е потребна помош.
Викендов во организација на Новинарската секција „Исток“ во Аурора ресорт и спа на Беровско езеро беа доделени признанијата „Најдоброто од истокот“. Овие признанија беа доделени на институции, организации и поединци кои со своите остварувања, според изборот на седмата сила од регионот, ја одбележаа 2020 година. Признанијата беа врачени во областа на здравството, образованието, спортот, новинарството, екологијата, хуманоста и стопанството.