ПРИЗНА ВИНА КРИПТОКРАЛОТ КОЈ СЕ КРИЕШЕ ВО СРБИЈА И ВО ЦРНА ГОРА На До Квон ќе му бидат пресудени не повеќе од 12 години затвор
Криптокралот беше уапсен на крајот на минатата година во Црна Гора, додека се обидувал да отпатува за Дубаи со лажни пасоши. Претходно, некое време се криел во Србија, потврди Си-Ен-Ен повикувајќи се на обвинителите во Сеул. Тој ќе има можност да биде испорачан во Јужна Кореја откако ќе отслужи половина од затворската казна во САД. За него ќе биде препорачана казна не поголема од 12 години.
Милијардерот и креатор на пропаднатите криптовалути TerraUSD и Luna, До Квон, кој се криеше во Србија и во Црна Гора, признал вина за две точки од обвинението за заговор за измама и измама преку интернет во САД, јави Си-Ен-Би-Си.
На сослушувањето во Њујорк, пред федералниот судија Пол Енгелмаер, тој признал дека давал лажни и погрешни информации за стабилноста на валутата.
Квон беше уапсен на крајот на минатата година во Црна Гора, додека се обидувал да отпатува за Дубаи со лажни пасоши. Претходно, некое време се криел во Србија, потврди Си-Ен-Ен повикувајќи се на обвинителите во Сеул во Јужна Кореја.
– Давав лажни и погрешни изјави за тоа како валутата ја вратила својата вредност, без да ја откријам улогата на фирмата за тргување во тој процес. Она што го направив беше погрешно – рече јужнокореецот на суд.
🚨#BREAKING : #DoKwon just pled guilty to fraud charges for the $40B $LUNA collapse what kinda sentence does he deserve? People don’t seem to be as mad as they were about SBF’s $FTX. #binance #LUNC #CZBinance #Crypto #LUNA #Justice #Video #Grok #GrokImagine pic.twitter.com/f60D5EB7Ew
— Khalif Level (@KhalifLevel) August 13, 2025
Обвинителката Кимберли Равенер изјави дека обвинителството нема да се спротивстави на можноста тој да биде префрлен во друга земја откако ќе ја одслужи половината од казната во САД. Според договорот, ќе биде препорачана казна не поголема од 12 години, иако законот предвидува максимум 25 години затвор.
Колапсот на криптовалутите TerraUSD и Luna во 2022 година предизвика загуби од околу 40 милијарди долари и пропаст на повеќе компании. Обвинителите тврдат дека Квон лажно уверувал инвеститори дека вредноста на TerraUSD е стабилизирана со алгоритам, додека тајно се вршеле масовни купувања за да се подигне цената на валутата.
Во 2024 година, Квон прифатил да плати 80 милиони долари казна и да се повлече од сите крипто-трансакции, како дел од спогодба вредна 4,55 милијарди долари со американската Комисија за хартии од вредност.