📽 ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО – ДРЕНОВО Следната година ќе биде пуштен во сообраќај
Процентот на реализација на првата делница е 95, а на втората делница 85 отсто. Вкупната должина, пак, на експресниот пат е 26 километри.
Коридорот 10д е еден од најзначајните патни правци во државата бидејќи низ него дневно поминуваат околу 6.000 возила од сите категории и многу товарни возила. Токму од овие причини посветуваме внимание на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново со кој значително ќе се олесни протокот на сообраќај, а со завршувањето на изградбата значително ќе се скрати и времето на патување од Градско кон Прилеп и Битола, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски по увидот на работите на патот.
Тој, како што соопштија од Државни патишта, побарал поголема динамика во изградбата и запазување на роковите.
Процентот на реализација на првата делница е 95, а на втората делница 85 отсто. Вкупната должина, пак, на експресниот пат е 26 километри. На првата делница Градско-Дреново, изведувач на работите е Штрабаг, а на втората делница Дреново–Фариш, изведувач на работите е СИНОХИДРО.
Првата делница е речиси готова, потребно е уште да се постави заштитна одбојна ограда, како и санација на една косина. На втората делница веќе се целосно пробиени двете цевки на тунелот, изведени се бетонските работи на тунелот, се санираат косините, се врши асфалтирање, а се гради и еден кружен тек на постојниот пат (кај клучка Дреново), како и изведба на други тековни градежни работи согласно со Проектната документација.
Тајановски денеска сподели и видео од увидот.