Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) ќе ги добијат билетите во матичните училишта. Сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“, соопшти ЈСП Скопје.
Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.
Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 денари за изработка на картичката.
Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, единствено не важат за користење на ноќни линии.