Приведени тројца скопјани, со решение за изолација шетале низ град

494

Полицијата синоќа на улицата Цветан Димов во Скопје привела три лица од скопско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„На 30.04.2021 во 22:05 часот на улицата Цветан Димов од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар биле лишени од слобода Б. С. (48), Н. Х. (42), двајцата од Скопје и Т. Ј. (46), од скопското село Марино, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се вели во соопштението од МВР.






Тројцата биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини