Приведени свештеници на СПЦ во Црна Гора
Свештениците Мирчета Шљивичанин и Жељко Ќалиќ се товарат за кривично дело неисполнување здравствени регулативи за сузбивање на заразна болест.
Црногорското обвинителство нареди 72-часовен притвор за двајца свештеници на Српска православна црква (СПЦ) во Црна Гора затоа што на вечерните литии во Подгорица и во Даниловград имало повеќе од 200 граѓани, колку е максималниот број на луѓе дозволено да се соберат на едно место.
Свештениците Мирчета Шљивичанин и Жељко Ќалиќ се товарат за кривично дело неисполнување здравствени регулативи за сузбивање на заразна болест.
– Притвор е наложен поради опасност дека можат да го повторат злосторството – изјави адвокатот Божо Милоњиќ.
Додека свештениците беа сослушувани, неколку десетици граѓани протестираа пред Основниот суд во Подгорица.
Апсењето на свештеникот на СПЦ го коментираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој, како што пренесуваат црногорските медиуми, истакна дека станува збор за важно прашање и „дека се надева дека ќе преовлада разумот“.