ПРИВЕДЕНИ СЕ ДВЕ ДЕЦА ОД ДРЕНОВЕЦ И ОД ПОРОЈ Со нож избоделе 16-годишно момче

Инцидентот се случи околу 21 часот вчера на улицата Јане Сандански во Тетово.

362

Тетовската полиција информира дека денеска се лишени од слобода двајца малолетници поради сомнение дека биле вклучени во вчерашниот инцидент кој резултираше со бодење со нож и ранување на 16-годишник. 

Инцидентот се случи околу 21 часот вчера на улицата Јане Сандански во Тетово.






– Полициски службеници на СВР Тетово во присуство на нивни родители лишиле од слобода двајца малолетници од тетовски Дреновец и од село Порој поради сомнение дека непосредно биле инволвирани во вчерашната физичка пресметка на улица Јане Сандански во градот, во која со остар предмет бил повреден друг малолетник – информира портпаролот Марјан Јосифоски.

По ранувањето малолетникот беше однесен во тетовската болница од каде поради сериозноста на повредите беше пратен на скопските клиники.

Поврзани содржини