Приведени четири лица за разбојништво и тешка кражба во Кисела Вода. Двајца од нив му ги земале парите на доставувач, а двајца украле пари, накит и мобилен од куќа.
Од МВР соопштија дека на 4 февруари приведени се Ф.Г. (20) и В.С. (20) од Скопје поради одсновано сомнение дека на 26 јануари оваа година извршиле разбојништво над З.Ц., доставувач во правно лице и му одзеле пари. Во службениот разговор, приведените го признале делото и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Можеби ќе ве интересира
Полицајци од ОКР Кисела Вода вчера ги привеле Е.Д. (21) и Џ.И. (19) поради основано сомнение дека истиот ден извршиле „тешка кражба“ во куќа на улицата Драга Стојанова и украле пари, накит и мобилен телефон.
Од полицијата велат дека по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.